Ново покачување на цената на бензините

Американската лесна нафта за испорака во Април  поевтини на берзата во Њујорк за 36 центи на 49,4 долари за барел додека северноморската нафта од типот Брент на берзата во Лондон поевтини за 41 цент на 62,17 долари за барел. Ова е прво намалување на цената по скокот од 1,59 долари на берзата во Њујорк во петокот и дури 2,39 долари на берзата во Лондон врз основа на чија цена се формира и малопродажната цена на нафтата во Македонија, објави „Прес24“.

Цената на суровата нафта од јуни минатата година до јануари забележа пад од 60% поради големите залихи и помалата побарувачка поради зајакнувањето на доларот.

Минатиот понеделник Регулаторната комисија за енергетика ја формираше цената на нафтата врз основа на просечната цена на суровата нафта која за претходните две недели изнесуваше  58,5 долари за барел. Тогаш регулаторот ја зголеми цената на бензините за 3 денари по литар а на дизелот за 4 денари по литар. Ако се има предвид дека денешната цена е 62,17 долари за барел, можеме да очекуваме дека наредната недела доколку продолжи овој тренд цените ќе пораснат за по околу 2 до 3 денари по литар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.