Ново повеќенаменско игралиште во Кавадарци

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска во Кавадарци ќе го пуштат во употреба повеќенаменското игралиште во основното училиште „Гоце Делчев”.

Игралиштето е дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава“.