Македонија

Ново повеќенаменско игралиште во Кичево

Ново повеќенаменско игралиште во Кичево

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми денеска пристуствуваше на пуштањето во употреба на ново повеќенаменско игралиште во Основното училиште „Санде Штерјоски“ во општина Кичево, кое е изградено со средства на општина и УСАИД.

– Соработката помеѓу локалната власт и УСАИД, уште еднаш се потврдува како успешна и взаемно задоволство на сите засегнати страни, истакна министерот Адеми, напоменувајќи дека игралиштето е изградено со заеднички напор на училиштето, општината и УСАИД, за кое се издвоени над 37 илјади долари, место на кое учениците ќе можат да ја изведуваат наставата по физичко воспитување, но и да се рекреираат во нивното слободно време.

– Училиштето „Санде Штерјоски“ е еден од низата позитивни примери, каде наставата ја следат ученици од Македонска, Албанска, Турска и Ромска националност, училиште каде што нема поделба по етничка припадност, и каде другарувањето не познава верска и било каква друга припадност, потенцираше Адеми.

Мултикултурализмот, истакна Адеми, е сликата на Република Македонија.

– Само земја во која се почитуваат различната етничка и верска припадност може да се пофали дека модерното општество не признава поделби и сегрегации, додаде Адеми.