Ново правило: Пилотите не смеат да бидат сами во кабината!

Како што е веќе познато, Француското обвинителство денеска соопшти дека авионот на „Џерманвингс“ кој леташе од Барселона до Дизелдорф, беше намерно срушен од страна на копилотот Андреас Лубиц, откако остана сам во пилоткста кабина.

Канадската влада одлучи вчера да воведе обврска за сите компании во земјата да мора да имаат по две лица во кабината, како реакција на падот на авионот на „Џерманвингс“.

– Оваа мерка стапува на сила веднаш и авиокомпаниите треба да постапат согласно директивата, изјави канадската министерка за сообраќај Лиса Раит, неколку часа откако компаниите Ер Транзит и Ер Канада самостојно одлучиле дека ќе ја воведат оваа мерка.

Министерката рекла дека два члена на посадата на авиониот мора да бидат во кабината во секој миг и дека еден од нив мора да биде стјуард или стјуардеса. Во САД веќе постои таква обврска на сила. Германските најголеми авиокомпании, вклучително и Луфтханза и Ер Берлин наведоа дека имаат намера да воведат пропис за две лица во кабината.

Прописот ќе стапи на сила денеска.

Претставници на француската истрага вчера објавија дека сметаат дека копилотот на „Џерманвингс“ намерно удрил со авионот во планината кога пилотот ја напуштил кабината, како што се верува да оди во тоалет. Во несреќата погинаа 150 лица на екипажот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.