Ново продолжение на сагата наречена „Се за љубов на СДСМ“: Геро се враќа во игра

Бранко Героски и Саше Политико ја продолжија сагата која веќе трае со месеци. Уредникот на „Слободен печат“ во колумна овјавена на Плусинфо го напаѓа Саше Ивановски -Политико поради неговата кандидатура од страна на НДМ на Јанко Бачев како носител во третата ИЕ, пишува денеска Курир.

Според Героски, ваквиот чeкoр на Политико e “интергалактичко учукуење у прави моменат“, а неговата програма во основа е куп будалаштини.

gero-pol

„И еве, Саше стана носител на кандидатската листа на партијата на бившиот разузнавач Јанко Бачев на третата изборна единица. Бидејќи момчакот, со поддршка на многу грлати поддржувачи на СДСМ, посебно активни на социјалните мрежи, стекна извесна популарност што не е за потценување, јас очекувам на изборите во третата изборна единица тој да постигне солиден резултат. Тоа можеби нема да биде доволно да стане пратеник, ама ќе биде сосема доволно на СДСМ да му нанесе сериозни штети“, пишува Героски.

На ваквите пишувања на уредникот на Слободен печат, секако возврати Ивановски, според кого Героски е „цепеница недоделкана“, кој ништо не разбрал од неговата кандидатура.

„Геро е еден чуден спој на клетост со невидена простоќа за политика. Овој угурсуз денот го почнува со молитва како во текот на денот да ме заебе мене, како мало дете инфантилно е… Не трпи пораз, инаетлив е како магаре на мост, туп е за политика до бескрај… И секако нема срам, подмолен е и злобен“, пишува Ивановски, кој додава дека силно верува оти Заев ќе биде идниот премиер и тој ќе помогнем со сите сили тоа да се остварело.

Сагата наречена „Се за љубов на СДСМ“ продолжува со отворени навреди меѓу Ивановски и Политико, кои веќе со месеци жестоко се навредуваат во битката кој подобро одработува за интересите на СДСМ и кој повеќе одбил од парите на Фондацијата Сорос за промовирање на политиките на опозиицијата.