Македонија

Ново рочиште против Демири за демолирање на канцеларијата на Иванов

Ново рочиште против Демири за демолирање на канцеларијата на Иванов

Членот на Левица, Мариглен Демири денеска повторно ќе се појави во Кривичниот суд на ново рочиште поради неговото учество во минатогодишните протести по аболицијата што ја прогласи претседателот Ѓорге Иванов.

Демири е обвинет дека учествувал во демолирањето на Народната канцеларија на претседателот и државата од него бара отштета од 8.500 евра.

Адвокатот на Демири, Сашо Дуковски го оспори вештачењето и рече дека е направено на незаконски начин, а Демири се изјасни дека не е виновен за делото за кое се товари.