Ново рочиште за предметот „Титаник“

Денеска во Кривичниот суд треба да се одржи ново рочиште за предметот „Титаник“, што е прв случај обелоденет од Специјалното јавно обвинителство. Во овој случај обвинети се  поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, како и уште 16 други лица.

Тие се осомничени од Специјалното јавно обвинителство за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.