Македонија

Кривичен суд Скопје Ново рочиште за Сеад Кочан и случајот „Труст“ – ќе се изведуваат докази

Ново рочиште за Сеад Кочан и случајот „Труст“ – ќе се изведуваат докази

Судскиот процес против бизнисменот и сопственик на ТВ Нова, Сеад Кочан, како и против Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, тројцата обвинети за нелегално добиен тендер од 17 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола, а во јавноста познат како случај „Труст“, продложува денеска во кривичниот суд. Според планираното на денешното рочиште треба да бидат изведени докази.

Кочан, Авировиќ и Ватиќ, како и претставниците на претпријатијата „Транс Мет“, „Силекс Неметали“ и „Вато“ на минатото рочиште се изјаснија дека не се виновни.

Обвинителот, Гаврил Бубевски рече дека ќе докажат дека со невистинити документи, во случајот биле погазени принципите на здравата конкуренција и дека биле изиграни правилата на јавните набавки. Обвинителот Артан Ајро, им ги предаде на одбраната сите докази за случајот, освен незаконски прислушуваните разговори, кои ги има само Судот.

Судијката Лидија Трајковска Зимбовска закажа уште две рочишта до крајот на ноември и 4 терминиза судење во декември.