Крими хроника

Ново рочиште за случајот „Насилство во Центар“

Ново рочиште за случајот „Насилство во Центар“

Во Кривичниот суд ново продолжение на судењето за случајот „Насилство во Центар“. Покрај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, обвинети се и поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески, пратеничката Рангелова и уште 11 други лица. Тројцата на претходниот распит негираа вина за насилствата пред општина Центар во јуни 2013 година.

Пред Судот, вина за стореното дело призна петообвинетиот Јордан Ристевски. Постапката за него се раздвои и доби условна казна. Претходно делото го призна и четвртообвинетиот томислав Лазаров, кој доби условна шестмесечна казна, доколку во рок од две години не стори друго кривично дело.