Ново рочиште за случајот „Пуч“, судењето одложено за месец март

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се појави на судењето на Зоран Заев за случајот „Пуч“, но рочиштето повторно беше одложено.

Јанева, слично како и на минатото рочиште, побара одлагање на судењето за месец март, со цел да ги разгледа доказите. За случајот „Пуч“ е закажано ново рочиште за 2-ри март, а целиот тим на Катица Јанева ќе врши увид во случајот.

Случајот „Пуч“, минатиот месец го презеде Специјалното обвинителство. Четвртообвинетиот во случајот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев конечно се појави во судницата на последното закажано рочиште во декември но рочиштето беше одложено, поради тоа што од Специјалното обвинителство побараа дополнително време да го проучат случајот.

Освен Заев  во „Пуч“ се обвинети и поранешниот прв човек на ДБК, Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, и еден вработен во општина Струмица и еден во МВР.

Сите обвинети се бранат од слобода. Во предметот има и една спогодбена пресуда против вработениот во МВР, Звонко Костовски. Овој случај треба да одговори на прашањето кој го извршил незаконското прислушување во земјава.