Ново рочиште за случајот „Сопот“

Во Кривичниот суд за во понеделникот е закажано рочиште од повтореното судење за предметот „Сопот“, случај од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот.

Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот.

На изминатите рочишта, шестмина се изјаснија дека го разбираат обвинението и оти остануваат на тоа што го кажале на претходните рочишта. На четворица од обвинети ќе им се суди во отсуство, бидејќи не се достапни на органите на прогонот.

Адвокатот Насер Рауфи во февруари, изјави дека доколку дозволи Судот, како сведоци во овој судски процес можеби ќе бидат повикани и поранешниот шеф на тајната служба, Сашо Мијалков и поранешната министерката за вантрешни работи Гордана Јанкулоска.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули минатата година му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.

Судењето за „Сопот“ поради смена на судиите минатиот месец почна од почеток.