Ново рочиштето за „Монструм“, ќе се сослушува заштитениот сведок

Денеска и утре продолжува судењето за случајот „Монструм”. На денешното рочиште треба да биде сослушан заштитениот сведок и за прв пат на новинарите им е дозволено да бидат присутни на вакво сослушување.

Предметот во април годинава го презеде Специјалното јавно обвинителство.

На 12 април 2012 година беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.