Ново самоубиство во Скопје: Момче се фрли од зграда (ФОТО)

Трагедија го потресе скопски Карпош. Момче на возраст од околу 25 години, околу 11 часот, се фрлило од зградата број 18 на улицата „Никола Тесла“ во населбата Карпош 1, пренесува Телеграф.

Жителите на зградата велат дека момчето се качило на покривот на зградата и се фрлило на паркингот, каде што во тој момент имало неколкумина случајни минувачи.

Се слушнал силен удар и момчето паднало буквално пред нивните нозе, а глетката била ужасна. На местото веднаш пристигнале екипа на брза помош и полицијата, која врши увид.

Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски