Ново Село денеска без вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека поради дефект на водоводната мрежа без вода денеска останале корисниците од општината Ѓорче Петров.

Дефектот на водоводната мрежа е настанат во село Ново Село на сред село. Екипите на ЈП „Водовод“ во моментов работат на отстранување на дефектот кој настанал денеска во 11 часот.