Ново Село денеска без вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека денеска без вода останале дел од корисниците од населеното место Ново Село во општина Ѓорче Петров.

Од препријатието соопштуваат дека дефектот настанал денеска околу 11:15 часот на улицата Тиранска број 40, а без вода останале жителите од улиците Тиранска, Пелинце и Антон Чехов.