Ново видео на ИД: Момче обезглави заложник

Исламска држава објави ново видео на кое се гледа како дете обезглавува заложник, а потоа упатува закани до Западот, пишува „Дејли експрес“.

ISIS-novo-video-2

Видеото се појави утрово, а на него момчето за кое се верува дека има околу 14 години го турка заложникот за врат.

isis-novo-video-3

Америка, ова се војниците што ги вооруживте и трошевте пари за да се борите против Шеријатот на Алах, ќе ги уништиме како што го уништивме Ирак… Нема бегање, вели момчето додека со ножот покажува кон гледачот на видеoто.

isis-novo-video-4

Инаку ова не е прв пат џихадистите од ИД да користат деца за нивните пропагандни видеа. Момчиња на пет годишна возраст беа охрабрени од ИД да ги убијат сопствените родители, а потоа да ги развеат знамињата на ИД.