Македонија

Нови видеа на МВР: Верските хулигани ја каменуваат полицијата!

Нови видеа на МВР: Верските хулигани ја каменуваат полицијата!

Врз основа на овие видео снимки, но и снимките од медиумите Министерството за внатрешни работи досега идентификуваше голем дел од најекстремните и најагресивните насилници кои минатиот петок дивееја во центарот на Скопје, повредија 30 полициски службеници и демолираа згради на државни институции.

МВР апелира до граѓаните ако било кој граѓанин препознае некого од хулиганите, може да го пријави истото на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.

Без разлика дали пријавата би била анонимна, соодветните полициски служби ќе постапат и доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

МВР апелира граѓаните да не дозволат да бидат вовлекувани во ничии сценарија, ниту во какви било насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста.