сабота, 29 април 2017  |  Вести денес: 0

Новогодишен базар „Подари среќа“ на улица Македонија

Организатор е Конгресниот центар „Александар Македонски“, а покровител Град Скопје.

Print

Последни вести

Детска програма, музика и можност за купување подароци за претстојните празници ќе понуди новогодишниот базар „Подари среќа“, кој од денеска до 31 декември ќе се одржува на улицата „Македонија“.

Организатор е Конгресниот центар „Александар Македонски“, а покровител Град Скопје.

За најмалите е подготвена детска програма, секој ден од 10 до 13 часот. Предвидена е новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на учесниците на детските фестивали „Поточиња“ и „Златно Славејче“, многу детски игри, изведба на претставата „Брашко“, дружба со Петко, настап на магионичарот Кристијан.

Музичката програмата во попладневните часови ќе почнува со новогодишни after-work забави и ќе завршува во 22 часот. Предвидени се настапи на македонските изведувачи Сара Мејс, ConTruDј, Back Door Band, Brass Brothers, Beta House Band, Eye Que, Дамјан Пејчиновски, Тајфата на Коки, Скопски тамбураши и Тумбао салса бенд. Предвидени се сетови на Dj Brancez, Dj Dela, Dj Bobi…

На посетителите ќе им бидат достапни рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божикно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколада…

Секој кој ќе го посети базарот ќе може да купи и новогодишни хуманитарни честитки, а средствата ќе се донираат во СОС Детско село. За традицијата испраќање новогодишни честитки ќе биде поставено поштенското сандаче на „Македонски пошти“, лоцирано во Ристиќева палата.

Посетителите ќе можат да купат и греено вино, пиво, топли пијалоци и топла храна.

Во рамки на програмата, утре на пладне ќе се одржи Дедомразовска трка.

Најчитани вести