четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 1

Новогодишен концерт на Македонската опера и балет

Балетски солисти на концертот се Мими Поп Алексова-Атанасовска, Василиј Чичијашвили, Саша Ефтимова, Ивана Коцевска, Игор Велјановски, Билјана Басмаџиева и Дојчин Дочев (Бугарија).

Новогодишен концерт на Македонската опера и балет

Новогодишен концерт на Македонската опера и балет

Поврзани вести

Македонската опера и балет утревечер од 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар ќе одржи Новогодишен концерт на кој ќе настапи целиот ансамбл на МОБ, солисти,  Хорот и Оркестарот под диригентство на Борјан Цанев.

Солисти на концертот ќе бидат сопранистката Ана Дурловски, тенорот Михаило Арсенски и баритонот Марјан Јованоски.  На програмата се најпознатите дела од Штраус, Штраус помладиот и оперетнит мајстор Калман.

Балетски солисти на концертот се Мими Поп Алексова-Атанасовска, Василиј Чичијашвили, Саша Ефтимова, Ивана Коцевска, Игор Велјановски, Билјана Басмаџиева и Дојчин Дочев (Бугарија).

Режисер е Дејан Пројковски, кореограф Олга Панго, костимограф Марија Пупучевска.

Во ритамот на валцери и полки, ја пренесуваме виенската магија во Скопје, информираше МОБ најавувајќи го концертот кој од 2015 година го организира на првиот ден од Новата година.

 

Најчитани вести