Новогодишен биланс: Во Ургентниот центар примени 56 лица

Од Ургентниот центар информираат дека новогодишната ноќ поминала релативно мирно.

Примени биле 56 пациенти, од кои 15 биле повредени во сообраќајни несреќи, 7 во физички напади и 2 лица паднале на снег.

Ова денес го информираше доктор Андреа Гавриловиќ од Ургентниот центар во Скопје.

Најголемиот дел од лицата биле пратени на домашно лекување, двајца од нив биле префрлени на Универзитетската клиника за трауматологија, а едно лице на торакална.

На Универзитетската клиника по хируршки болести во текот на ноќта биле примени 52 пациенти.

Девет од нив настрадале во тепачка, три во сообраќајни несреќи, три лица биле повредени со петарда и две лица биле примени со акутен абдомен.