Скопјани Нова Година ќе ја слават на „Пела“ со Даниел Кајмакоски

Новата 2015 година скопјани на плоштадот Пела ќе ја дочекааат со настап на македонски музички ѕвезди.

На централната музичка манифестација годинава ќе настапат Елена Ристеска, која воедно ќе им ја честита Новата Година на присутните граѓани, Даниел Кајмакоски, Дани, Есма Реџепова, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Куку Леле, Мустафа Имери и ДиЏеј Ерик Фокс.

Годинава за прв пат главната бина ќе биде поставена пред портата Македонија, поради градежните активности кои се одвиваат во моментов на плоштадот Македонија.

И годинава главен спонзор за новогодишната манифестација е Т-мобиле.

Градоначалникот Коце Трајановски најави интересни содржини кои ќе траат од 25 до 30 декември. Ќе се организира за прв пат новогодишен волшебен парк со разни работилници, забавни програми и интересни содржини.

На 31. декември дневната забава ќе почне во 12 часот со дочек на Дедо Мраз во паркот Жена борец.

По теркот на другите светски метрополи ќе биде организирана и Дедомразовска трка на 28. декември во 12 часот. Обезбедени се 500. Дедомразовски костими и градската власт повикува на масовност сите заинтересирани граѓани да дојдат и да учествуваат во трката.

Водителскиот тим кој што ќе го води новогодишниот музички спеткал ќе бидат Сашко Коцев и Маријана Станојковска.

Денеска Градот завршува со новогодишното декорирање на градските улици, а воедно се очекува вечерва да светне и новогодишната елка која ќе биде поставена пред објектот Лумикс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.