Новогодишна промоција на „Близу“: Добиј 7-инчен таблет со секој пакет со три услуги!

Почнувајќи од 1 декември  2014 година, телекомуникацискиот оператор „Близу“ ја промовира новата новогодишна кампања, со која сите нови корисници на пакетите со три услуги, вклучувајќи го и промотивниот пакет 3 Плус Делукс,  ќе добијат екслузивна можност да добијат 7-инчен таблет Quadcore. Kорисниците ќе можат да изберат помеѓу двата модела на таблети:

  • Point-of-view: 7”, Quad-core Cortex – A7, 512 MB DDR3 SD RAM, 8 GB NAND, Android OS, 4.4 (KitKat), WiFi 802.11 b/g/n;
  • Lenovo: 7”, Quad-core 1.3 GHz, 1 GB RAM, Android OS, 4.4.2 (KitKAt), WiFi 802.11 b/g/n.

Таблетите се достапни со месечна доплата од само 159 денари/ месечно за моделот Point-Of-View, односно 249 денари/месечно за моделот Lenovo.

Промоцијата важи за сите нови корисници кои ќе потпишат договор за пакет со три услуги на 24 месеци.  Специјалната новогодишна промоција е временски и количински ограничена, до 31.12.2014 година.

Близу ДООЕЛ Скопје е телекомуникациски оператор кој од јуни 2014 година е во сопствеништво на  Групацијата Телеком Австрија. Операторот на своите корисници им нуди комплетни телекомуникациски услуги: супербрз неограничен интернет со брзина до 100 Mbps, дигитална телевизија со најголем избор на канали со висока резолуција и фиксна телефонија без месечна претплата, по цени достапни за сите.