Македонија

Новогодишни пакетчиња за децата од Јавната установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми „25 МаЈ“

Новогодишни пакетчиња за децата од Јавната установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми „25 МаЈ“

Волонтерите од Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија во Скопје, денеска приредија новогодишен прием за децата од Јавната установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“ од Скопје во Народната канцеларија во Скопје. Честитајќи им ги Новогодишните и Божиќните празници на децата, волонтерите им посакаа многу среќа, радост, добро здравје и им подарија новогодишни пакетчиња.

На приемот беше прикажан анимиран филм, а беше организирана и работилница на која децата ги пренесоа своите импресии од средбата преку цртежи.

Новогодишниот прием, беше организиран од волонтерите од Народната канцеларија во Скопје со поддршка од Кабинетот на претседателот на Република Македонија.