Новогодишни желби на нашите познати личности

Што посакаа нашите познати да им донесе Новата Година и каков подарок му побараа на Дедо Мраз ?!?!Еве што кажаа за Вистина.мк.

Елена Ристеска:

„Сакам Дедо Мраз да ми донесе среќа, затоа што ако имам среќа ќе имам добро здравје, ако сум здрава јас и најблиските, тогаш лесно ќе постигнеме радост и љубов, ќе постигнеме се… Материјалните нешта не ми се приоритетни, повеќе вреди среќата од сите пари и сите материјални подароци.“

Вера Јанковиќ:

„Јас сум човек со “посебни“ потреби!!! И не ги барам ниту очекувам баш во новата ни“

Анета Арсовска:

„Што посакувам? Се разбира само здравје и среќа во Новата 2014-та година. Поздрав!година 🙂 а 2014-та …. Како да ја имам видено, доживеано… Среќно на останатите! Поздрав!“

Игор Митровиќ:

„Пред се најмногу си посакувам здравје, бидејќи ако го немам здравјето, нема да можам да имам ништо. А после тоа си посакувам да ми се случи мојот прв соло албум и еден концерт во некоја од салите во Скопје. Има уште многу други работи кои што ги посакувам ама ако почнам сите да ги пишувам, до утре нема да завршам:)“

Соња Тарчуловска:

„Здравје, среќа, успех на сите полиња…“

Димитар Атанасовски:

„Да ми се повтори 2013… Успешна година, многу радости на професионално и приватно поле, нови почетоци кои навистина добро ми дојдоа!“

Васил Зафирчев:

„Добро здравје и мигови на исполнетост и хармонија.“

Дани Димитровска:

„Мир, само мир, не е клише, не сум манекенка на избори, туку навистина се што сакам е само мир во душите на сите!“

Лила Филиповска:

„Здравје, успешно завршена факултетска година на син ми Филип и нова љубов!“