Секс

Новогодишните подароци ги откриваат неговите чувства

Новогодишните подароци ги откриваат неговите чувства

Мажите и нивните чувства можете да ги откриете по подароците. Работите кои мажите ги подаруваат не се само знак дека им е до вас, туку и потврда за она што го чувствуваат. Затоа добро размислете што годинава ќе добиете за новогодишните и божиќните празници. Тој мал знак на внимание ќе ви каже, се што не сте знаеле за вашата врска.

Патување

Без разлика на тоа дали станува збор за викенд во некоја од европските метрополи или на планина, знајте дека сте со романтична душа која смета дека секое искуство е побогато и поубаво со вас. Затоа уживајте во неговиот подарок.

Гаџет

Ако ви подари ајпод во кој ги има вашите најдраги песни, неговото срце ви припаѓа вам. Но, ако ви го подари иако знае дека повеќе сакате часописи и книги, тогаш погрешил, токму како и вие со изборот на момче.

Накит

Мажите подаруваат накит кога врската ја сметаат за сериозна, а истовреме сакаат и вие на тој начин да почнете да ја доживувате. Ако ви го купил парчето кое навистина ви се допаѓа, вашето момче навистина е злато.