Новогодишно обраќање на Лино Червар

Тренерот на Металург Лино Червар преку клупскиот ТВ канал имаше новогодишно обраќање.

Хрватскиот стратег им се извини на сите фанови на Металург, на сите љубители на ракометот во Македонија за разочарувањата во изминатите два-три месеци.

Тој воедно вети дека од идната година Металург повторно ќе се врати на старата слава, со македонски концепт, со македонски таленти и дека идната година повторно ќе видиме еден атрактивен и квалитетен Металург.