Македонија

Новогодишно обраќање на претседателот Иванов

Новогодишно обраќање на претседателот Иванов

Празниците се момент за нова надеж и нова верба дека ни претстои подобра и поуспешна година за сите нас. Празниците се момент кога си посакуваме многу здравје, многу радост и многу среќа во годината што доаѓа. На прагот на новата година благодарни сме на сите граѓани кои нѐ израдуваа, охрабрија и нѐ поттикнаа на добри мисли и добри дела, вели во своето новогодишно обраќање претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

– Благодарни сме на трудољубивите стопанственици и земјоделци. Благодарни сме на грижливите родители. Благодарни сме на уметниците кои со своите дела, изложби и изведби ги освoјуваа светските сцени. Благодарни сме на нашите спортисти и талентираните млади научници кои освојуваа признанија за Македонија. Благодарни сме на храбрите македонски војници кои будно ја чуваа нашата безбедност. Благодарни сме на сите оние кои ја сакаат, почитуваат и чуваат Македонија. Сите ние сме различни, но суштински сме еднакви. Секој од нас придонесува кон создавањето на сликата која другите ја имаат за нашата татковина Македонија, вели Иванов.

Во продолжение проследете го во целост новогодишното обраќање на претседателот Иванов.