Новогодишно обраќање на спикерот на македонското Собрание

Претседалот на Собранието, Трајко Вељаноски, имаше свое новогодишно обраќање, по повод заокружувањето на оваа година.

Подолу интегрално ви го пренесуваме обраќањето.

За време на последните денови од годината што изминува, како по некое правило се навраќаме на настаните што беа дел од нашето секојдневие изминатите 12 месеци.

Искрено верувам дека во годината што изминува, имавме повеќе поводи за задоволство отколку за незадоволство.

Знам дека предизвиците се оние кои му ја даваат смислата на нашите животи, но исто така сум длабоко уверен дека посветеноста, истрајноста, чесноста и одговорноста се доминантните атрибути кои ги имаат граѓаните на Македонија.

Во периодот пред нас, нема да посакам да не се соочуваме со предизвици и со искушенија бидејќи знам дека едноставно тоа не е возможно.

Меѓутоа, јас многу добро знам дека е сосема реално да си посакаме уште похрабро и уште поенергично да ги надминуваме искушенијата за доброто на нашата држава и на нашиот народ.

Затоа – и во следната година, да бидеме со нашите семејства и со Македонија.

И во 2014 година нека ни биде вечна и стабилна Македонија и нека ни бидат здрави и живи семејствата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.