Новогодишни пакети за семејствата на загинатите бранители од Ѓорче Петров

Новогодишни пакети за семејствата на загинатите бранители од Ѓорче Петров
Новогодишни пакети за семејствата на загинатите бранители од Ѓорче Петров
Градоначалникот на општината Ѓорче Петров Сокол Митровски, традиционално ги прими роднините на паднатите бранители во конфликтот од 2001 година и им подели пригодни подароци.

Митровски им се заблагодри на роднините за нивното активно учество во чествувањата на празниците поврзани со општината но и на оние кои се слават на дршавно ниво.

„Вратата на мојот кабинет за вас е секогаш отворена. Вие сте дале најскапо за нашата Македонија“, изјави Митровски.

sokol-mitrovski-deca-na-branitelite

Роднините на бранителите исто така се заблагодарија за вниманието од страна на општината, а посебно на градоначалникот кој секогаш кога ќе побараат средба тој за нив е секогаш тука.

Градоначалникот Митровски уште еднаш истакна дека општината нема никогаш да ги заборави Бранко, Томе Д.,Ивица, Раде, Ацо и сите останати кои загинаа во конфликтот 2001 година.