ФОТО: Новогодишното руво на Лондон

И оваа година една од најстарите европски метрополи очекува илјадници туристи за новогодишните и божиќните празници, а градските власти се погрижија тие да се чувствуваат магично за време на својот престој.

Улиците, плоштадите, баровите и парковите во Лондон добија новогодишно руво кое му дава уште поатрактивен изглед на градот на Темза.

Големи снегулки, разнобојни сијалички, елки, панделки и ѕвончиња го краста градот, но сепак на туристите и на граѓаните најомилен им е забавниот парк „Winter Wonderworld“ кој е поставен во најголемиот лондонски парк.

На познатиот лондонски плоштад Трафалгар и оваа година е поставена новогодишна елка која е подарок  од норвешката престолнина Осло. Од 1947 година во знак на благодарност за помошта во текот на Втората Светска војна Осло традиционално и испраќа новогодишна елка која стои на Трафалгар.

 

Според британските аналитичари за претстојните празници се очекува профит од 72,5 милијарди фунти, што е за два отсто повеќе од минатата година.

 

Ако не можете да отпатувате во Лондон, барем на кратко, преку фотографиите уживајте во неговата празнична магија.