Во НовоЛото 7/34 повторно до три шанси за седумка

На 13.01.2016 година  во НовоЛото 7/34 , на ТВ Сител во 20 часот ќе се оддржи извлекувањето на броевите од 4 коло за оваа 2016 година.

Во ова празнично  коло  Државна лотарија на Македонија повторно , како и во Новогодишното коло, ќе им овозможи на играчите на НовоЛото до три шанси за седумка. Имено,  доколку во првото извлекување не биде постигната добивка со седум погодоци , ќе следуваат второ и трето извлекување, во кои во игра ќе бидат и сите претходно непостигнати категории на добивки .

Ваква шанса веќе еднаш имаа сите играчи, во Новогодишното коло на НовоЛото 7/34, во кое беа постигнати две добивки од категоријата 6+1.

Бидејќи не беше постигната најголемата добивка, седумка-та , Државна лотарија на Македонија во третото коло во Новата Година , повторно ќе понуди до три шанси за добивка, на сите свои верни играчи . Уплатата е веќе во тек, а уплатите за ова коло ќе се примаат се до 19 часот на 13.01.2016 година.

Овој пат своите среќни броеви сите играчи може да ги уплатат и на редовните НовоЛото 7/34  ливчиња кои важат за редовните кола.

Не чекајте, пронаjдете го вашето Среќно Место со знакот на Детелинка и уплатете ги вашите седум среќни броеви . Не испуштајте ја шансата за седумка , чиј износ изнесува околу седум милиони денари, па можеби вие сте првиот НовоЛото милионер во 2016 година.