НовоЛото 7/34 збогати тетовчанец за 10 милиони денари

Седумката вредна 9.999.040 денари е уплатена во Тетово во продажното место МА-ДЕ-БЕ ДООЕЛ . Среќниот добитник уплатил 8 комбинации на НовоЛото 7/34 или 160 денари. Уплатата е извршена во истиот ден на извлекувањето , а добитна е седмата комбинација од уплатените.

Инаку само пред  три кола во Тетово беше уплатена и добитна комбинација за добивката 6+1, но во среќното место Детектив 001 во Веро – Тетово.

Среќниот добитник на седумката го очекуваме во посета на Државна лотарија на Македонија, и со нетрпение ја очекуваме неговата приказна за неговите среќните броеви .

Оваа седумка е прва во оваа 2017 година , а Фондот за седумка од наредното коло, повторно ќе биде 6.000.000 денари, сумата која ја гарантира Државна лотарија на Македонија .

Не заборавајте да ја играте и дополнителната игра Џокер каде премијата е над  600.000 денари, бидејќи само КОЈ ИГРА ТОЈ И ДОБИВА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.