Новорусија – планови за нова европска држава

Украинскиот пратеник Олег Царјов, ќе подготви федерален договор за Доњецката и за Луганската народна република (ДНР и ЛНР), се соопштува во резолуција на кординацискиот совет на движењето „Југоисток“, цитирано до руската новинска агенција Итарр-Тасс, пренесува Нетпрес.

Според документот, Царјов ќе биде на чело на работната група, која ќе подготви проект на договор за „обединување на прокламираните ДНР и ЛНР во една држава – Федерална република Новорусија“.

Во резолуцијата се предвидува дека дополнително ќе биде разработен уставот на новата држава, а исто така и механизам за влегување на Федерацијата во нови субјекти.

donetskaja

Доњецката и Луганската област моментно преговараат за обединување, но нивната евентуална идна федерација која ќе се нарекува Новорусија никогаш нема да биде меѓународно призната, и едвај ќе биде примена во составот на Русија, пишува рускиот дневен весник „Утро“, пренесува Нетпрес.

„Ако Украина се распадне, тогаш може да се очекува политичка, економска и социјална катастрофа. По некое време Киев може да добие уникатна шанса да излезе од сегашниот економски и политички ќорсокак. На сметка на загубите во територија и во население, ќе се зголеми етничкото и социјалното единство. Киев нема да троши државни средства за издржување на економските слаби региони, кои веќе се вбројуваат во идната Новорусија. Самата нова федерација, едвај дека ќе спечали нешто – ќе има шанса за економско и политичко партнерство единствено со Русија и со Белоруисја“, прогнозира весникот.

Само 11 денови има ОБСЕ за да ја стабилизира ситуацијата во Украина – нејзиниот проект предвидува уредувањето да заврши до претседатеслиите избори во земјата, кои треба да се одржат на 25 мај, годиава, пишува весникот „Росискаја газета“, пренесува Нетпрес.

lugansk

Претседателот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Дидие Буркхалтер, изјави дека ОБСЕ почнала да се движи по „патната мапа“ за излегување од украинската криза.

Но, дури и тој самиот не е сигурен дека задачата ќе биде исполнета, тврди руски полуофицијален извор и го цитира швајцарскиот политичар:

„Се е нејасно: ’Патната мапа’ не дава никаква гаранција, но вреди да се обидеме“.

„Патната мапа“ содржи четири тички: прекин на насилствата, разоружување, национален дијалог и претседателски избори.

Меѓу мерките за нејзиното реализирање, Буркхалтер ја посочува евентуалната амнестија за учесниците во протестите, помош на земјата од страна на ОБСЕ за деескалација на конфликтот и посредување во преговори на Киев со сепаратистите, тркалезни маси со учество на спротиставените страни, кои според швајцарскиот политичар ќе одржат во многу блиска иднина.

Копретседател на преговорите и претставник на ОБСЕ ќе биде германскиот дипломат, Волфганг Ишингер.

Првата тркалезна маса, во рамки на украинскиот национален дијалог, планирана е да се одржи уште денеска во Врховната Рада во Киев.

Премиерот на Украина, Арсениј Јацењук, објасни дека Киев е подготвен да разгледа пет точки, објавува рускиот весник „Комерсант“, пренесува Нетпрес.

Петте точки се: уставни реформи, децентрализација на власта, борба со корупцијата, економска и хуманитарна политика.

Вршителот на должноста претседател на Украина, Олександер Турчинов, прецизира дека се поканети регионалните елити, „чиј стремеж е мирно решавање на проблемот“.

„А кон оние, кои продолжуваат со оружје во рацете да го тероризираат регионот (источна Украина), ќе продолжи антитерористичката операција“, додал тој.

Руското министерство за надворешни работи, вчера, го повика Киев да ја сопре антитерористичката операција во југоисточна Украина, и да ги повлече оттаму своите вооружени формации, со цел да сопре „плашење на цивилното население“, објавуваат медиумите во Русија.