Македонија,Крими хроника

Ученици се пресметувале со нож и тупаници во Тетово

Ученици се пресметувале со нож и тупаници во Тетово

Со нож и тупаници ученици се пресметувале во училиште во Тетово. Инцидентот, како што информира МВР се случил вчера околу 16.50 часот во Тетово, во кругот на Текстилното училиште „Ѓоце Стојчески“.

Додека Р.М.(18) од с.Ново Село, по завршувањето на часот по физичко се упатил према училницата, бил пресретнат од 17 годишно лице од село Џепчиште, поранешен ученик во наведеното училиште, при што настанала меѓусебна расправија.Р.М. бил физички нападнат од малолетникот кој го удирил со тупаница во пределот на лицето и му нанел повреда во вид на оток и модринка.

Откако од страна на друг ученик бил направен обид да ги раздвои лицата, поранешниот ученик извадил нож и со истиот замавнал кон Р.М. притоа повредувајќи го ученикот кој се обидел да ги раздвои и го исекол на палецот од левата рака.

Во полициската станица Тетово бил обавен разговор со лицата и по целосно документирање и расчистување на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.