НСА прислушувала адвокати на странски влади

Неименувани адвокатски канцеларии од САД кои што застапувале влади на други држави биле цел на прислушување на Националната агенција за безбедност (НСА) и нејзините партнери во Австралија, пишува „Њујорк тајмс“.

Според пишувањата на американскиот дневник, поранешниот службеник на НСА,  Едвард Сноуден, обелоденил дека една неименувана фирма била прислушуивана додека ја застапувала индонезиската влада во трговските спорови со САД.

Повикувајќи се на извештај од февруари минатата година, „Њујорк тајмс“ пишува дека Австралискиот директорат ја информирал НСА за прислушување на разговорите, вклучувајќи ја „комуникацијата меѓу индонезиски претставници и адвокатски фирми и понудил размена на информации“.