НСРР: 40 отсто од кандидатите на листите да бидат жени

Националниот совет за родова рамноправноста (НСРР) денеска упати писмо до политичките партии во кое бара почитување на последната промена на Изборниот законик во член 63 за застапеност од 40% на жените на изборните листи.

– Со оглед на тоа дека во тек е процедурата за составување на листите за претстојните избори, апелираме и инсистираме на почитување на последната промена на Изборниот законик во член 63 за застапеност од 40% на помалку застапениот пол. Очекуваме дека ќе ја почитувате законската обврска при составување на листите за пратеници, се наведува во писмото.

НСРР, како организација која повеќе од 20 години работи на родовата рамноправност, бара, како што се наведува, почитување на Законот за еднакви можности и Изборниот законик со кои се гарантира почитување на квотите за рамноправна застапеност.