НТВ: Најмалку 11 загинати и 78 ранети во денешниот атентат во југоисточна Турција

Во денешниот напад врз полициски контролен пункт во градот Џизре, во југоисточна Турција, најмалку 11 лица загинаа, а 78 се ранети, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на турската телевизија НТВ.

НТВ не цитира извор за својата информација за бројот на жртвите.

Според државната агенција Анадолија, нападот е извршен од Курдската работничка партија (ПКК), која веќе три децении се бори за курдска автономија и изведува речиси секојдневни напади врз силите за безбедност по прекршувањето на примирјето во јули минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.