НУБ „Св. Климент Охридски“ доби орден за заслуги за Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во пресрет на патронатот по повод 70-годишнината од основањето на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, ја одликуваше со Орден за заслуги за Македонија.

Орденот се доделува за исклучителни резултати на НУБ во собирањето, зачувувањето и презентирањето на македонското духовно творештво и придонесот во развојот на образованието, науката и културата, како и за севкупниот општествен развој на Република Македонија и нејзината афирмација во светот.