Нучниците открија супстанција која го продолжува животот

Научниците од Униеверзитетот Маршал откриле специфичен ензим, којшто влијае врз процесот на стареење, пишува порталот EurekAlert.

Експертите утврдиле дека сопстанцијата под називот натриум-калиум аденозинтрифосфатаза има учество во циклусот на генерирањето активни форми на кислород, што ја продолжува младоста на организмот.

Истражувачите извеле експеримент над лабораториски глувци на коишто во текот на една година им давале храна со високи содржини на масти и јаглени хидрати. Ваквата „диета“ доведува до појава на нагласени знаци на стареење, биејќи во организмост се синтетизираат големи количества кислородни радикали, коишто предизвикуваат оксидација и клеточна смрт. Притоа, кај дел од глувците коишто добиле инјекции со ензимот, соодветните процеси биле значително забавени.

Научниците, исто така, ги спровеле подребните тестови врз клетките на човечко сврзно ткиво, добивајќи слични реултати. Експертите истакнуваат дека по клиничките тестови ензимот може да стане основа на терапијата против стареењето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.