Нухиу одлучил дека Чавков е најкомпетентен, до 18 часот немало сознанија за можни немири

Лично го предложив заменик директорот на Бирото за јавна безбедност за раководител на оперативниот штаб, иако треба јас да бидам како директор на БЈБ, но тој ме молеше, и преку министерот Агим Нухиу успеа да издејствува на тоа место да дојдеам јас, изјави  Митко Чавков во понеделникот за телевизијата Сител.

„Раководител на оперативниот штаб да бидам јас, како директор на БЈБ, иако јас од принципиелни причини, знаејќи со што сé се соочуваме во овие чувствителни периоди за нашето општество, сакав да елиминирам каков и да е простор за дискредитација или за злоупотреба на некои околности во МВР. И од тие причини го предложив заменикот директор да биде раководител на оперативниот штаб. Лично ме молеше неколку дена и практично тоа преку министерот успеа да го издејствува, да после седум дена ме стават мене за раководител на оперативниот штаб. Но,  како и да е, не сум бегал од одговорности“, рече Митко Чавков.

Тој во гостувањето кажа дека ниту една информација, ниту пишана, ниту усмена, не е доставена до оперативниот штаб, за можни закани, за можни ризици од нарушување на јавниот ред и мир.

„Имаме организациски процедури за управување, команда и контрола на процесите кои ги спроведуваме. На критичниот ден, тоа е значи по 59 дена од почнувањето на протестите, ниту еден инцидент дотогаш нема регистрирано. Ниту една информација, ниту пишана, ниту усмена, не е доставена до оперативниот штаб, за можни закани, за можни ризици од нарушување на јавниот ред и мир. Моите тези се засновани на факти, а фактите се утврдени во записникот којшто задолжително се води при работењето на оперативниот штаб“, појасни Чавков.

Вели дека по дознавањето дека имало упад, тој интензивно комуницирал со неговите колеги одговорни на различни нивоа и кои впрочем не биле на работа, но тој успеал да ги донесе на работа.

„Во записникот, на критичниот ден, каде што има присуство на 32 припадника на БЈБ, може слободно да се види дека констатацијата на сите присутни некаде до 18 часот е дека до никој од нив не се стигнати информации и сознанија за можни нарушувања на јавниот ред и мир за време на собирите. Меѓутоа откако се случи немилиот настан за кој жалиме, веднаш почнавме со мобилизирање на дополнителни сили и средства. До тогаш обезбедувањето на протестите беше со вообичаена бројка, која одгвораше на моменталните проценки и моменталните информации и сознанија со кои располагавме. И таа бројка не беше мала, но во секој случај, кога се обидувал тој мене да добие, по дознавањето дека имало упад, интензивно комуницирав со сите мои кои колеги кои што се одговорни на различни нивоа и кои впрочен не беа на работа, ги обезбедив да дојдат на работа. Присуството на Агим Нухиу е 40 минути пред мене. Значи во овие 40 минути јас интензивно работам на мобилизирање дополнителни сили и средства за соодветно справување со состојбите коишто се наметнаа во Собранието на Република Македонија“, детално појасни Чавков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.