Нуланд: Решението на кризата e во спроведување на договорот од 2 јуни

Нуланд: Решението на кризата e во спроведување на договорот од 2 јуни

Помошник државен секретар на САД задолжен за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, која денеска оствари средба со македонските политички лидери, упати порака дека решение за кризата треба да се бара во основата на договорот постигнат во Пржино, на 2 јуни. Како што посочи, останале  уште неколку прашања кои треба да се решат и крајно време е да се најде решение за кризата, за да може да се врати Македонија на патот на евроинтеграциите.

Нуланд истакна дека заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, работеле на пакетот догвор од 2 јуни и очекува за време на неговата утрешната посета да се надминат и последните неколку нерешени прашања од договорот.

Премиерот Никола Груевски, по средбата со Нуланд, истакна дека евроинтеграциските вредности се водилка во тековните политички премрежја, чие решение е единствено можно како правен, политички и институционален проблем.