петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 35

Нумерологија – Дознајте каков ден ве очекува

Вашиот личен број ќе го добиете со собирање на цифрите од датумот на вашиот последен роденден.

Нумерологија - Дознајте каков ден ве очекува

Нумерологија - Дознајте каков ден ве очекува

Последни вести

Нумерологијата ни кажува многу за нашата иднина, но кога личниот нумеролошки број ќе се искомбинира со некој датум, ќе дознаете точно каков ден ве очекува.

Најпрво, одредете го вашиот личен број со помош на датумот од роденденот, а потоа пронајдете го значењето на броевите.

Вашиот личен број ќе го добиете со собирање на цифрите од датумот на вашиот последен роденден.

На пример, ако последен пат сте славеле роденден на 16.04.2014, кога ќе ги соберете сите цифри 1+6+4+2+0+1+4=18 и ги доведете до едноцифрен број 1+8 = 9, тогаш тоа е вашиот личен број.

На тој број треба да му го додадете датумот кој ве интересира, на пример 26.01 (2+6+1=9), па да ги соберете заедно 9+9=18 до едноцифрен број 1+8=9, што значи дека треба да го прочитате објаснувањето за бројот 9 и да дознаете што ве очекува овој 26-ти јануари.

Истото важи и доколку како резултат добиете некој од другите броеви.

Број 1 – Ова е совршен ден за да се изборите за она што го сакате. Бројот еден претставува нов почеток.

Број 2 – Овој ден ќе бидете многу отворени за споделување на своите чувства.

Број 3 – Најпродуктивни ќе бидете на овој ден.

Број 4 – Искористете го овој ден за да го средите домот. Сите обврски кои ги остававте претходните денови сега ќе ви бидат полесни.

Број 5 – Ако досега се воздржувавте од искажување, денес е денот за да се отворите целосно.

Број 6 – Ова е број на убавината, естетиката и сензуалноста кога зрачите со посебен сексапил. Не се работи само за физичкиот изглед, туку така ќе се чувствувате и однатре.

Број 7 – На овој ден ќе ви биде потребно трпение ако сакате да напредувате со амбициите.

Број 8 – Денес ќе успеете да воспоставите рамнотежа помеѓу кариерата и приватниот живот.

Број 9 – Ова е ден за трансформација во кој ќе се преиспитувате за сè што сте поминале во претходните циклуси. Сè се врти околу прифаќањето на вашите лични искуства и на фактот колку давате од себе.

Најчитани вести