Нурхан Изаири стапи на функција министер за животна средина и просторно планирање

Со примопредавањето на функцијата министер за животна средина и просторно планирање помеѓу досегашниот и новоименуваниот министер, Абдилаќим Адеми и Нурхан Изаири, Министерството за животна средина и просторно планирање му посака добредојде на првиот човек во животната средина.

Истакнувајќи дека веќе е запознат со предизвиците и тековните и идни проекти на Министерството за животна средина, Изаири вети дека ќе продолжи да ја имплементира програмата на Владата заложувајќи се за здрава и чиста животна средина.

Досегашниот министер Адеми му посака успешно делување на новоизбраниот министер нагласувајќи дека неговата вокација – архитект ќе помогне во раководењето со Министерството.