Нуркач почина при потрагата на жртвите од потонатиот ферибот

Нуркач почина за време на потрагата по жртвите од јужнокорејскиот ферибот, што потона минатиот месец.

Педесет и тригодишниот нуркач паднал во бесознание за време на нуркањето.

Бројот на потврдени смртни случаи во фериботот, што потона на 16 април, веќе изнесува 260, а уште 42 лица и натаму се уште се водат како исчезнати, иако практично нема шанси да преживеале.

На овој начин, реалната бројка на загинати веројатно ќе изнесува 302 од вкупно 476 лица, колку што биле на палубите на фериботот.