Нутела чизкејк со печени лешници

Ова слатко задоволство е идеален избор за љубителите на благото.

За подготовката ви се потребни:

-250 гр крекери

-75 гр растопен несолен путер

-400 гр Нутела на собна температура

-100 гр дробени печени лешници

-500 гр крем сирење на собна температура

-60 гр шеќер во прав

Начин на подготовка:

Измелете ги крекерите и потоа во нив додадете го растопениот путер заедно со една лажица Нутела и три лажици од дробените лешници. Кога ќе добиете хомогена смеса убаво натапкајте ја во плех со дијаметар од 23 см и оставете ја во фрижидерот малку да се излади.

Откако ќе го наравите тоа, пристапете кон следниот чекор, односно кон подготовката на филот. Со помош на миксер убаво изматете ги крем сирењето и шеќерот во прав, а потоа додадете ја и преостанатата Нутела.

Филот ставете го врз претходно подготвената кора која во меѓувреме сте ја извадиле од фрижидерот и на крајот наредете ги дробените лешници. Оставете го чизкејкот во ладно најмалку 3 часа за да добиете што поцврст крем.