Свет

NYT: Американските тајни служби со децении се мешаа во изборите ширум светот

NYT: Американските тајни служби со децении се мешаа во изборите ширум светот

Американските разузнавачки служби спроведувале тајни операции насочени кон интервенирање во политичките процеси и избори во странски земји од моментот на основањето на Централната разузнавчка агенција (CIA) по Втората светска војна, а биле употребувани методи како куфери со пари, пропагандистичка литература, отворена агитација, физички елиминации на непријатните личности и многу други, признаваа поранешните припадници на Агенцијата и американски експерти во написот на соработникот на весникот The New York Times и поранешен дописник од Москва, Скот Шејн.

Написот во The New York Times е објавена по повод обвинувањето во петокот на обвинувањата на американскиот специјален обвинител Роберт Мјулер за 13 руски граѓани и компании поради мешање во американските претседателски избори во 2016 година. Авторот Скот Шејн, притоа изразува убеденост дека обвинението може само да ги шокира американските граѓани коишто воопшто не се запознаени со методите на работа на специјалните служби во сопствената земја.

 

Долари со куфери

„Доколку прашате разузнавач дали Русите нарушиле некои прописи, одговорот е не, не сосема“, го цитира весникот Ситвен Хол, кој служел 30 години во CIA до повлекувањето во 2015 година. Хол, покрај тоа, потврдно одговорил на прашањето дали САД се мешале во избори во, и изразил „надеж дека ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина“.

Лок Џонсон, од Универзитетот на државата Џорџија, кој во 1970-те се занимавал со истрагите на Сенатот за активностите на CIA, ги опишува руските обиди за мешање во американските избори во 2016 година за „кибернетичка верзија“ на стандардните операции на американските тајни служби.

„Ние тоа го правиме од моментот на формирањето на CIA во 1947 година. Користевме постери, памфлети, пошта, плакати, што и да е. Поттуравме лажни информации во странски весници, носевме долари со куфери, Британците тоа го нарекуваат ‘коњицата на кралот Џорџ“, вели Џонсон.

 

CIA извршила 81 операција

Според написот, преседанот во ваквите операции бил направен во 1940-те години во Италија, каде што Американците тајно ги помагале противниците на комунистите во изборните циклуси до 1960-те години. Во статијата се споменува вклученоста на CIA во соборувањето на непријатните за Вашингтон лидери во Иран и во Гватемала во 1950-те години, атентати врз политичари и поддршка на диктаторските режими во Латинска Америка, Африка и Азија.

Кога станува збор на прикриените интервенирања на САД во изборите во други држави, Дов Левин од Универзитетот Карнеги-Мелон во државата Пенсилванија пресметал 81 таков случај во периодот меѓу 1946 до 2000-те години. Овој експерт истовремено на поранешниот Советски сојуз и на Русија им припишува 36 слични операции во истиот временски период.

Во написот се наведуваат податоци и за улогата на САД во изборите во Србија во 2000 година и на изборите во Русија во 1996 година. Соговорниците на авторот на статијата потполно се согласни во мислењето дека манипулациите на CIA, исто така, не треба да бидат изговор за наводното вмешување на Русија во предизборната кампања во САД пред две години.

 

Американските власти во петокот поднесоа официјално обвинение против 13 државјани и три компании на Русија за наводна вмешаноста во американските претседателски избори во 2016 година. Според документите на министерството за правда, соработници на руската агенција „Агенција за интернет истражување“ во 2014 година „започнале операции за инфилтрирање во американскиот политички систем, вклучително и американските претседателски избори во 2016 година“. Притоа, американските власти истакнуваат дека овие операции не влијаеле на исходот од последните претседателски избори.

Обвинението против руските субјекти, кое е изработено на 37 страници, го подготви канцеларијата на специјалниот јавен обвинител на САД, Роберт Мјулер, формирана за истрага за ткн руско мешање и влијание на владата во Москва на американските избори и можен договор со изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп.