ОАЕ повикаа за искоренување на радикализмот

Обединетите Арапски Емирати повикаа за „заеднички напори“ за искоренување на радикализмот во регионални тензични места вклучително Ирак, Сирија, Јемен, Либија, Сомалија и Авганистан, пишува МИА

Во соопштение пред средбата на НАТО во Велс, Министерството за надворешни работи на ОАЕ се посочува дека Емиратите сакаат соработка и координирани акции против „глобалната закана од тероризам“ особено во Ирак и во Сирија.

– Меѓународна иницијатива треба да се направи и за други држави во регионот, меѓу кои Јемен, Сомалија, Либија и Авганистан кои страдаат од радикална идеологија и поттикнување насилства, претежно од Исламска држава и Ал Каеда, се наведува во соопштението.

Во него не се прецизира какво вид дејствија да се преземат, но се споменува дека е неопходна нова стратегија.

– Важно е таа стратегија да не завршува со Ирак и Сирија, туку да се стреми да се справи со феноменот на тероризмот насекаде каде ќе се појави. Само со такви напори ќе биде можно да се стави крај на нивните насилства, се истакнува во соопштението.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.