Свет

Обама: Американците не се излекувани од расизам

Обама: Американците не се излекувани од расизам

Американскиот претседател Барак Обама во интервју, во кое зборуваше за односите меѓу расите и оружјето, изјави дека САД не ја совладале својата историја на расизам, пренесоа американските медиуми, објави МИА.

Интервјуто во популарната радио емисија на интернет на комичарот Марк Марон е емитувано по апсењето на белото момче за расистичкото убиство на девет афроамериканци во црквата во Чарлстон, во државата Јужна Каролина.

-Не сме излекувани од расизмот. Не станува збор само за тоа дека не е пригодно да го кажеш зборот „нигер“ (nigger) на јавно место. Тоа не е мерило дали расизмот се уште постои или не. Не се запира само на отворената дискриминација. Општествата целосно не се обликуваат од вчера до денеска бидејќи сето тоа се случило пред 200 или 300 години, изјави Обама.

Американскиот претседател забележа дека иако и односите кон неговата раса суштински се подобриле откако тој се родил во семејство на бела мајка и црн татко, робовладелското наследство „фрла долга сенка и продолжува да е дел од нашата ДНК, која се пренесува“.

Обама го изрази и своето разочарување дека „зафатот на Националната асоцијација на поседувачи на огнено оружје над Конгресот е исклучително здрава“ и тој го зауздува напредувањето на контролата над поседувањето огнено оружје, откако 20 деца и шест учителки во 2012 година беа застрелани во основно  училиште во државата Конектикат.