Свет

Обама амнестира 13 осуденици

Обама амнестира 13 осуденици

Американскиот претседател, Барак Обама, ги променил казните на осум затвореници кои служеле казни поради дрога и помилувал уште 13 други осудени лица за различни злосторства.

Обама го потпиша Законот за фер отслужување на казните заради намалување на казните на осудениците кои се зависници од кокаин со цел да се намали диспаритетот, но законот се однесува само на новите, а не и на старите случаи.

„За да бидат осудени по важечкиот закон, многу од нив веќе би ја отслужиле својата казна и да го отплати својот долг кон општеството. Наместо тоа, поради диспаритетот на законот кој сега се смета за неправеден, тие остануваат во затвор, одвоени од своите семејства и нивните заедници, што ќе ги чини даночните обврзници неколку милиони евра секоја година“, рекол Обама.