Обама бара 3,7 милијарди долари за справување со мексиканските малолетници

Обама вчера го повика Конгресот да работи со него за одобрување на неговото барање за итни финансиски средства во висина од 3,7 милијарди долари за справување со имигрантската криза во САД. Американскиот претседател го обзнанил барањето по средбата со републиканскиот гувернер на Тексас. Републиканците негодуваат околу ваквото негово барање.

Околу 57 илјади малолетници без придружба од Централна Америка ја минале југозападната граница на САД од октомври минатата година во потрага за подобар живот.